Се гради грандиозен станбен комплекc

Bez autora
Mar 13 2011

Градежниот сектор зема замав на домашен терен. Само во јануари е најавена изградба на објекти во вредност од 34 милиони евра, незначителен дел се за патишта и реконструкции, најголемата сума е за објекти од вискоградбата. Дека на терен има сериозно раздвижување показател е изградбата на комлекс - „Космос“. Станува збор за 1.000 станови - објект со сопствено греење и ладење, производство на струја. Елитната населба е инвестиција на домашна компанија. Ќе се работи со првокласни материјали, нема да се штеди на нив. Се работи за еден голем комплекс, така што јас како инвеститор домашен, сакам да понудам нешто ново на пазарот, сакам да понудам пониски цени, а многу подобар квалитет.

Се гради грандиозен станбен комплекcГрадежниот сектор зема замав на домашен терен. Само во јануари е најавена изградба на објекти во вредност од 34 милиони евра, незначителен дел се за патишта и реконструкции, најголемата сума е за објекти од вискоградбата.

Дека на терен има сериозно раздвижување показател е изградбата на комлекс - „Космос“. Станува збор за 1.000 станови - објект со сопствено греење и ладење, производство на струја. Елитната населба е инвестиција на домашна компанија.

„Ќе се работи со првокласни материјали, нема да се штеди на нив. Се работи за еден голем комплекс, така што јас како инвеститор домашен, сакам да понудам нешто ново на пазарот, сакам да понудам пониски цени, а многу подобар квалитет“, изјави Фиат Цановски.

Лани македонските градежници ги изгубија странските пазари и имаа за 15 проценти помалку извршени работи од претходната година. Но, на домашен терен, иако соочени со проблеми за наплата, сепак градежништвото беше клучна гранка за раст на бруто домашниот производ.

Сега на македонските градилишта како се гради цела населба се најавува работа и во трета смена, за грандиозниот објект да биде вселив за година и половина.

„На најгорниот спрат има и ротирачки ресторан, има базен, фитнес центар, болници, градинка. Имаат можност сите што се заинтересирани до крајот на месецот, да земат по тие пониски цени, станови“, вели Фиат Цановски.

Во изминативе години цените на становите континуирано растеа. Три фактори го пореметија пазарот на недвижности. Првично цените ги крена конфликтот во 2001. година.

Следен удар, замена на марката во евро. Недвижностите што беа изразени во марки, само ја променија валутата во евро. Кулминацијата се случи кога земјава очекуваше влез во НАТО и тогаш цените отидоа нагоре.

Сега ниту кризата , ниту намалувањето на ДДВ-то од 18 на 5 процени не влијаеше за пад на цените на становите.

Со оглед дека цените во овој елитен комплекс, лоциран на атрактивна локација, се далеку помали во однос на останатите, останува да се види дали тоа ќе ја раздрма конкуренцијата и ќе ги намали цените на становите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik